ЗА Музеј галерија – кавадарци

музеј галерија – кавадарци

добродојдовте

Музеј-галерија од Кавадарци како институција од областа на културата е основана со одлука на Собранието на општина Кавадарци на 7.09.1973 година.
На 6-ти септември 1976 година, со отворањето на ликовната изложба на словенечкиот сликар Марио Вилхар официјално почнува со работа.

Музеј-галеријата е институција отворена за јавноста, има едукативна улога, со цел да развива интерактивна комуникација со посетителите,
и преку презентација на движното и недвижното наследство да привлекува поширока публика.

години постоење
+
изложби и поставки
музеј галерија – кавадарци

постојани поставки

Музејот има и неколку постојани поставки: археолошка,
етнолошка, историска поставка и поставка за традиционална подготовка на храна и вино.

археолошка

две постојани археолошки поставки: Лапидариумот во дворот на Музејот и постојана поставка од
предмети за лов, обработка и користење на храна и пијалоци.

традиционална подготовка на храна

етнолошка

традиционалната селска куќа со предмети за
производство и обработка на храна, предмети за секојдневни активности, занаетчиски алати но и народни носии.

традиционална подготовка на вино

музеј галерија – кавадарци

спомен соба на васил хаџиманов

Спомен собата на Васил Хаџиманов е отворена е на 13 септември во 2013 година

одделение за етнологија

постојана поставка

Васил Хаџиманов е роден 14.01.1906 година Во Кавадарци, и е еден од најголемите
македонски етномузиколози, мелографи и промотори на македонската народна музика и фолклор.
Потекнува од угледно кавадаречко семејство. Завршил нижа гимназија во Кавадарци, а гимназија во Велес и Скопје.
Во 1935 година станал магистер по фармација, а во 1956 година дипломирал на Музичката акдемија во Скопје.

Со нотно запишување на народни песни започнал во 1927 година. За време на својот живот собрал околу 8000 македонски
народни песни, 800 албански, 500 тажалки и сите нив успеал да ги сочува од времето на заборавот.

Васил Хаџиманов
музеј галерија – кавадарци

спомен соба на никола бадев

Роден е 1918 година во село Глишиќ – Кавадарци

одделение за етнологија

постојана поставка

Никола Бадев е исклучителна личност, интерпретатор кој високо ја крена и прослави македонската народна песна и со тоа остави неизбришливи
траги.

Во 1948 година веднаш по аудицијата за млади таленти
Бадев дебитира на програмата на Радио Скопје со што започнува неговата блескава кариера. Неговото вклучување во ансамблот на Радио Скопје
му помага да го дооформи неговиот исклучителен глас, а во има помош и од музикологите Васил Хаџиманов и Живко Фирфов.

Никола Бадев

музеј галерија Кавадарци

доколку ви се потребни повеќе информации или доколку сакате да закажете посета на локалната музеј галерија