Logo of museum
Poster for exebition

ИЗЛОЖБА

02.04.2021 ГОД. (ПЕТОК) ВО 12 ЧАСОТ

ГЛИГОР ЧЕМЕРСКИ (09.03.1940 – 02.04.2016)

Глигор Чемерски е роден на 9 март 1940 година во Кавадарци. По завршеното средно образование во Скопје се запишува на Академијата за ликовни уметности во Белград каде што дипломира во 1963 година. На истата Академија завршува постдипломски студии и се стекнува со звање магистер по сликарство. Како стипендист на француската влада има студиски престој во Париз во 1969/1970 година а отттогаш реализирал повеќе студиски патувања во Египет, Грција, Италија, Холандија, Германија, Шведска и САД.

          

Во 1962 година во Скопје ја има својата прва изложба (со Насо Беќаровски), а до крајот на својот животен век има реализирано околу четириесет самостојни изложби во земјата и странство, добитник е на важни награди и признанија и e еден од уметниците кои го одбележаа македонското модерно сликарство. Беше член на МАНУ и почесен член на Руската Академија за наука и уметност.

 Чемерски е несомнено нашиот најобразован творец, сестран уметник кој се испроба и успеа во графиката, сликарството, мозаикот, еден од ретките кои ја имаа способноста низ пишуваниот збор да ја изразат својата ликовна поетика. Автор е на монументални слики и мозаични композиции во кои до израз доаѓаат културните и уметничките слоеви во нашата земја.

Особено значаен дел од творештвото на Глигор Чемерски претставуваат неговите монументални споменици:

Глигор Чемерски почина на 2 април 2016 година во Скопје.

Merkur, bronze  "Споменик на слободата"  Кочани 1981

Nakit, Roman period 

poloshki manastir  

  

 


Реализирани Изложби

Жени уметници од Збирката на ликовни дела на Музеј - Галерија Кавадарци

05.03 (петок) 2021, 12 ч.

Јануарски празници и обичаи во Тиквешијата

29.01 (петок) 2021, 12 ч.

Лазар Дојчинов

13.02(четврток)2020, 18:00 ч.

Џоломарската игра во селата Ресава и Бегниште

13.01(понеделник)2020, 18:00 ч.

КАЛЕИДОСКОП

13.01(понеделник)2020, 18:00 ч.

ПЛАКАТИ ОД ИЗЛОЖБИ

08.07(среда)2020, 12:00 ч.

Александра Кокотовиќ - Хармонија на тишината

27.08(четврток)2020, 20:00 ч.