Logo of museum

ИЗЛОЖБА

Лазар Дојчинов

13.02(четврток)2020, 18:00 ч.

Poster photo from exebition

Општина Кавадарци традиционално го слави празникот Св.Трифун. Со закројување и со полевање со вино лозарите си посакуваат среќна и плодна година и со тоа започнваат работите на лозовите насади.

Богатата програма што се организира за празникот Св. Трифун во Кавадарци започнува вечерва во 18 часот со отворање на ликовната изложба на уметникот Лазар Дојчинов,

Лазар Дојчинов Роден е 1948 година во Кавадарци. Завршил Виша ХТЗ школа во Скопје. Во 1978 година се запишува како вонреден студент на Педагошката академија во Скопје, отсек ликовна уметност... повеќе>>>

Известувања

ОДЛУКИ:
"23.08.2019" и "31.10.2019"

По спроведената постапка, а врз основа на објавениот оглас за пополнување на работни места за избор на кустос историчар, кустос историчар на уметност и административни службеници се донесени следните одлуки...
повеќе тука >>>

Завршна сметка за 2018

Обрасци од ЦР на РМ за годишна пресметка.
повеќе тука >>>

ПУБЛИКАЦИИ

Ризница на ликовни дела

Cover phot from Catalogue

Како последно издание на Музеј-галерија Кавадарци е фото-монографијата "Ризница на ликовни дела " во која се застапени скоро сите уметнички дела од колекцијата на музјеот. Таа се состои од 157 дела од 78 автори, настанати во периодот од 1943 до 2018 година.

Во монографијата доминираат дела од најистакнатите македонски ликовни дејци како Петар Мазев, Глигор Чемерски, Ана Темкова, Симон Шемов, Борко Лазески, Васко Ташковски, Љубомир Белогаски а некои од авторите потекнуваат токму од Кавадарци.

Автори на Фотомонографијата се Весна Ѓорѓиева и Трајче Цветков и истата беше промовирана на 7 ми септември 2018, заедно со изложба каде беа изложени најпрепознатливите и најдобрите остварувања. повеќе>>>

НОВ МУЗЕЈ

СПОМЕН СОБА НА НИКОЛА БАДЕВ

Portret of Nikola Badev

Спомен собата на Никола Бадев е најнов дел во Музејот-галеријата и заедно со спомен собата на Васил Хаџиманов е сосотавен дел од делот на музејот каде што се чуваат предмети и материјали за производство и обработка на храна во Тиквешијата.

Никола Бадев беше исклучителна личност, интерпретатор кој високо ја крена и прослави македонската народна песна и со тоа остави неизбришливи траги. Во текот на својата долгогодишна кариера има снимено повеќе од 200 песни и 100 грамофонски плочи. Со исклучителен сензибилитет ги има испеано лирските македонски песни, ја има обиколено земјата неколку пати, во земјите каде живеат македонските иселеници. Спомен собата беше свечено отворена во октомври, 2018 година.