Logo of museum

известувања

Известувањe 05.11.2019

Врз основа на Член 45 од Законот за Административни службеници (Службен весник на Република Северна Македонија бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 , и 11/18), а во врска со објавениот јавен оглас број 180/2019 , Директорот на Локален Музеј Кавадарци на ден 05.11.2019 година ја донесе следнава:

О Д Л У К А
За избор на кандидат за административен службеник по објавен јавен Оглас бр.180/2019 за работно место Виш соработник за административни , општи и правни работи член 1.

По спроведената постапка , а врз основа на објавениот оглас за пополнување на работни места за административни службеници по пат на вработување на неопределено време бр.180/2019 објавен на страната на Агенцијата за администрација а по барање на Локален Музеј – Галерија Кавадарци и во дневните весници Слободен печат , Независен весник и Лајм на ден 27.09.2019 година за пополнување на работно место КУЛ0102В02002 Виш соработник за административни, општи и правни работи се избира кандидатот :

Сарафинова Јулијана , Македонка за работно место Виш соработник за административни , општи и правни работи КУЛ0102В02002.

Изборот се врши во законски предвидениот рок , а врз основа на спроведената постапка за вработување и врз основа на Предлогот за вработување на кандидати број 10-1622/8 од 31.10.2019 год. доставена од Агенцијата за администрација – Комисија за селекција.

Избраниот кандидат ќе биде вработен на неопределено работно време по конечноста на оваа одлука за што ќе се донесе посебно Решение.

Одлуката стапува на сила на денот на нејзиното донесување.

О б р а з л о ж е н и е

Комисијата за селекција по објавен јавен оглас за вработување на јавни службеници од група 1, подгрупа 2, по објавувањето на огласот спроведе постапка за вработување согласно Законот за административни службеници . По спроведената административна селекција , спроведениот испит за административен службеник , и спроведената постапка за веродостојност на докази и интервју за Административен службеник Агенцијата за администрација до Локалниот Музеј Галерија Кавадарци достави Предлог со број 10-1622/8 од 31.10.2019година , во кој се предлага вработување на горенаведениот кандидат.

Локален музеј Галерија Кавадарци постапи во законски предвидениот рок за избор на кандидати и согласно Предлогот за вработување на кандидатите заверен под наш број 188/12 и одредбите од Законот за Административни службеници го избра кандидатот наведен во диспозитивот на оваа одлука.

ПРАВНА ПОУКА:Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право да поднесе жалба до агенцијата за администрација на Р.С.Македонија во рок од 8(осум) дена од денот на објавувањето на одлуката на интернет страната и на огласна табла на Агенцијата за администрација

Локален Музеј-галерија Кавадарци
Директор
Весна Ѓорѓиева


Известувањe (23.08.2019)

Врз основа на Член 45 од Законот за Административни службеници (Службен весник на Република Северна Македонија бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 , и 11/18), а во врска со објавениот јавен оглас број 180/2019 , Директорот на Локален Музеј Кавадарци на ден 05.11.2019 година ја донесе следнава :

О Д Л У К А
За избор на кандидат за административен службеник по објавен јавен Оглас бр.180/2018 за работно место Самостоен референт за администрартивни работи член 1

По спроведената постапка , а врз основа на објавениот оглас за пополнување на работни места за административни службеници по пат на вработување на неопределено време бр.180/2019 објавен на страната на Агенцијата за администрација а по барање на Локален Музеј – галерија Кавадарци и во дневните весници Слободен печат, Независен весник и Лајм на ден 27.09.2019 година за пополнување на работно место КУЛ0102Г01001 Самостоен референт за административни работи се избира кандидатот :

Јаким Зимоски , Македонец за работно место Самостоен референт за административни работи , КУЛ0102Г01001.

Изборот се врши во законски предвидениот рок , а врз основа на спроведената постапка за вработување и врз основа на Предлогот за вработување на кандидати број 10-1622/8 од 31.10.2019 год. доставена од Агенцијата за администрација – Комисија за селекција .

Избраниот кандидат ќе биде вработен на неопределено работно време по конечноста на оваа одлука за што ќе се донесе посебно Решение.

Одлуката стапува на сила на денот на нејзиното донесување.

О б р а з л о ж е н и е

Комисијата за селекција по објавен јавен оглас за вработување на јавни службеници од група 1, подгрупа 2, по објавувањето на огласот спроведе постапка за вработување согласно Законот за административни службеници . По спроведената административна селекција , спроведениот испит за административен службеник , и спроведената постапка за веродостојност на докази и интервју за Административен службеник Агенцијата за администрација до Локалниот Музеј Галерија Кавадарци достави Предлог со број 10-1622/8 од 31.10.2019 година , во кој се предлага вработување на горенаведениот кандидат.

Локален музеј Галерија Кавадарци постапи во законски предвидениот рок за избор на кандидати и согласно Предлогот за вработување на кандидатите заверен под наш број 188/12 и одредбите од Законот за Административни службеници го избра кандидатот наведен во диспозитивот на оваа одлука.

ПРАВНА ПОУКА:Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право да поднесе жалба до агенцијата за администрација на Р.С.Македонија во рок од 8(осум) дена од денот на објавувањето на одлуката на интернет страната и на огласна табла на Агенцијата за администрација

Локален Музеј-галерија Кавадарци
Директор
Весна Ѓорѓиева


Известувањe (23.08.2019)

Согласно член 77-ж од Законот за културата („Службен весник на РМ“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), член 20-г, член 20-д, и член 21 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ“ број 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и член 21, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“бр. 2/05; 106/08; 161/08; 114/09; 130/09; 149/09; 50/10; 52/10; 124/10; 47/11; 11/12; 39/12; 13/13; 25/13; 170/13; 187/13; 113/14; 20/15; 33/15; 72/15; 129/15 и 27/16), директорот на Локален Музеј-галерија Кавадарци на ден 23.08.2019 година донесе:

О Д Л У К А
за избор на 2 (две) лица даватели на јавни услуги по објавен оглас член 1

Во врска со објавениот оглас за вработување на неопределено време 2 (две) лице даватели на јавни услуги се избираат следните лица:

1.На работно место – кустос историчар (КУЛ 03 04 Д03 002)... (1) еден извршител се избира лицето Натка Китева и

2.На работно место – кустос историчар на уметност (КУЛ 03 04 Д03 002)... (1) еден извршител се избира лицето Билјана Галабова.

член 2

Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

Локален Музеј-галерија Кавадарци, согласно Законот за културата, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за работни односи, како и Согласноста од Министерството за финансии бр.18-5998/2 од 11.07.2019 година објави јавен оглас на 06.08.2019 година во дневните весници „Нова Македонија“, „Вечер“ и „Коха“ за вработување на неопределено работно време на 2 (две) лица даватели на јавни услуги и тоа:

Едно (1) лице на работно место – кустос историчар (КУЛ 03 04 Д03 002);

Едно (1) лице на работно место – кустос историчар на уметност (КУЛ 03 04 Д03 002).

Во врска со наведениот оглас директорот на Локален Музеј-галерија Кавадарци со Решение за формирање комисија за постапка за вработување бр.04-163/4 од 08.08.2019 година формира Комисија за постапка за вработување.

Комисијата за постапката за вработување по поднесените пријави на кандидатите ја спроведе постапката согласно Законот за културата и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас за пополнување на работно место во Локален Музеј-галерија Кавадарци преку вработување и на Пријавата за вработување во Локален Музеј-галерија Кавадарци како и начинот на бодување во зависност од категоријата и нивото на работно место за кое е објавен јавниот оглас и изготви предлог за вработување на горенаведените работни места и истата ја достави до директорот. Врз основа на Предлог бр. 04-163/9 од 23.08.2019 година од Комисијата за постапка за вработување директорот на Локален Музеј-галерија Кавадарци ја донесе оваа одлука за вработување на неопределено работно време 2 извршители кустоси и одлучи како во член 1 од диспозитивот на оваа одлука, заради што се одлучи како во диспозитивот на одлуката.

Одлуката ќе биде доставена до сите пријавени кандидати и истата ќе биде објавена на web страната на Локален Музеј-галерија Кавадарци. Во рок од пет дена од конечноста на одлуката за избор, директорот на јавната установа од областа на културата, носи решение за вработување и со избраниот кандидат склучува договор за вработување.

ПРАВНА ПОУКА: Незадоволниот кандидат има право во рок од 8 дена од денот на приемот на Одлуката да поднесе жалба до Управниот одбор на Локален Музеј-галерија Кавадарци.

Локален Музеј-галерија Кавадарци
Директор
Весна Ѓорѓиева


Завршна сметка за 2018

Завршна сметка за 2017