Logo of museum
Dojcinov, Photo with grape and wine

ИЗЛОЖБА

13.02(четврток)2020, 18:00 ч.

Лазар Дојчинов

Роден е 1948 година во Кавадарци. Завршил Виша ХТЗ школа во Скопје. Во 1978 година се запишува како вонреден студент на Педагошката академија во Скопје, отсек ликовна уметност.

Талентот кој го носи во себе од детството го надоградува низ годините за потоа да продолжи да ги усовршува тајните на сликарските техники кај еминентните професори Димитар Кондовски и Борко Лазески, кои претставуваат голем стимул и императив во неговото понатамошно надоградување како ликовен уметник.

Dojcinov, Photo with grape and wine

Од сликарските техники тој гаи најголема наклонетост, опсесија и љубов кон акварелот, а од 2004 година работи акрил и масло на платно. Низ годините наназад има реализирано голем број самостојни изложби во земјата и во странство, меѓу кои десетина веќе традиционално во Локален Музеј галерија - Кавадарци, во Пробиштип, Кратово, Неготино, Р. Србија. Има учествувано и на неколку групни изложби и ликовни колонии кај нас и надвор од нашата држава. Неговите изложби се секогаш доста посетени а изложбата во 2010 година беше посетена од околу 3000 посетители.

Низ годините наназад има реализирано голем број самостојни изложби во земјата и во странство, меѓу кои десетина веќе традиционално во Локален Музеј галерија - Кавадарци, во Пробиштип, Кратово, Неготино, Р. Србија. Има учествувано и на неколку групни изложби и ликовни колонии кај нас и надвор од нашата држава. Неговите изложби се секогаш доста посетени а изложбата во 2010 година беше посетена од околу 3000 посетители.

Dojcinov, Photo with grape and wine

Минатата година Дојчинов како гостин на хепенингот на Здружението “Борка - за секој нов ден“ кое се случи во Кавадарци, инспириран од самата дружба, остави белег на овој настан со свое уметничко ликовно дело.

Лазар Дојчинов за својата работа има добиено голем број награди и признанија. Живее и работи како самостоен ликовен уметник во Кавадарци. Тел. за контакт 077 807 844.


Реализирани Изложби

Џоломарската игра во селата Ресава и Бегниште

13.01(понеделник)2020, 18:00 ч.